Како анксиозноста влијае врз работата?

106

Борбата со потешкотии и негативни мисли може да создаде големи проблеми, да ја наруши рамнотежата и во приватниот и во професионалниот живот. Доколку сте нервозни, преморени, под голем стрес, несигурни во себе… тогаш можно е тоа да се рефлектира и на начинот на којшто работите, активностите што ги извршувате и резултатите што ги постигнувате.

Луѓето кои се борат со анксиозност, постојано се грижат за мислењето на другите, се чувствуваат несигурно, не го забележуваат својот труд и често пати се потценуваат себе и своите можности.

Анксиозните луѓе, поради состојбата во којашто се наоѓаат, бараат признание за сработеното и очекуваат да бидат пофалени, но ако некој од колегите даде добронамерна забелешка, тие веднаш ја прифаќаат како лоша критика. Затоа, важно е наместо веднаш да се налутат, да поработат на начинот на којшто комуницираат со колегите и да препознаат кога некоја критика е добронамерна и од којашто може да извлечат заклучок.

Доколку имате колега кој се бори со анксиозност, тогаш од него може да очекувате да ги одолговлекува работите што не му се допаѓаат. На пример, ако од него побарате да се јави на телефон, да испрати мејл или да отиде на некое место, тогаш тој бидејќи се чувствува нелагодно, постојано ќе ја одложува оваа обврска. Нема да го направи тоа бидејќи е неисполнителен, туку таквиот начин на работа не му одговара на моменталната состојба во којашто се наоѓа.

Фото: Freepik