Како Барселона ќе се справува со празните станови?

124

Шпанскиот град Барселона користи ново “оружје“ во настојувањето да се зголеми понудата на станови за изнајмување во градот, а тоа е принудна продажба на празните станови, пишува Bloomberg.

Вкупно 14 компании што поседуваат 194 празни станови добија предупредување од градските власти, ако следниот месец не најдат потстанари, градот би можел да стане сопственик на тие станови, по половина од нивната пазарна вредност. Доколку се случи такво нешто, властите ќе ги изнајмуваат становите на лица со пониски приходи, додека компаниите би можеле да се соочат со парични казни од 90.000 до 900.000 евра.

Барселона и претходно преземаше мерки за пополнување на празните станови. Па така, од 2016 година е легално власите во Каталонија да преземат контрола над недвижнините во коишто не живее никој повеќе од две години. Таквите недвижнини, градските власти ќе можат да ги изнајмуваат на период од четири до 10 години, пред да ги вратат под контрола на сопственикот. Со новите мерки, донесени минатата година, властите ќе ги купуваат овие станови по цена што е 50% пониска од пазарната.

Барселона веќе неколку години се соочува со проблеми поврзани со празните станови. Бидејќи пазарот на недвижни во Шпанија доживеа потешкотии по финансиската криза од 2008 година, некои компании што се сопственици на повеќе недвижнини, чекаат закрепнување на пазарот.

На пример, шпанската национална банка Sareb поседува 149 празни станови во Барселона.

Фото: Hippopx