Како безболно да решите конфликт на работното место

23

finger-924109_960_720

Фото: Pixabay

Конфликтите се составен дел од работата. Речиси и да не постои работна организација каде нема конфликтни ситуации. Она што е клучно во ваквите тензични моменти е да не дозволите проблемот да ескалира. Во продолжение неколку совети како безболно да се справите со конфликтите на работното место.

Фокусирајте се на проблемот, не на човекот

Никогаш не ја ставајте личноста во ситуација каде што треба да се брани

Идентификувајте ги точките каде има согласност и онаму каде што нема

Направете план како да се справите со конфликтни ситуации и држете се до истиот

Не генерализирајте и не донесувајте брзи одлуки

Почитувајте ги еднакво сите страни

Бидете професионални и искрени

Никогаш не го игнорирајте проблемот

Внимателно слушајте и забележувајте што ви се кажува

Објаснете како се чувствувате во врска со конфликтот/ситуацијата, не пристапувајте кон напаѓање

Бидете сигурни дека во компанијата има воспоставено здрави односи помеѓу вработените и претпоставените

Покажете емпатија и обидете се да се ставите на местото на засегнатиот поединец

Бидете подготвени да воведете дисциплински мерки ако конфликтот продолжи и понатаму да се провлекува