Како “безболно“ да решите конфликт со колега

89

Конфликтите на работното место можат да се случат од различни причини. Најчесто тие се поврзани со работата, но може да биде и од сосема друга природа.

Она што е важно при конфликтна ситуација со некој колега е истата да се реши што е можно побезболно и поскоро.

Од причина што работите за иста компанија, делите просторија, а можеби и соработувате на важна задача, од клучно значење е да најдете решение. Во спротивно продуктивноста опаѓа, а со тоа се зголемува и можноста за ваша замена на работа.

Еве неколку добронамерни совети што можат да ја смират ситуацијата:

Што побрзо пристапите кон решавање тоа подобро

Не претпоставувајте дека колегата намерно го прави тоа само за да ве нервира

Не зборувајте со други за проблемот, обратете се директно на личноста

Секогаш разговарајте во четири очи

Обидете се да најдете нешто за што заеднички се согласувате

Бидете отворени за дискусија и слушајте

Колку и да е тешко обидете се да зборувате смирено

Извинете се доколку вашето однесување предизвикало проблем

Вклучете и трета личност доколку е потребен медијатор

Не се откажувајте се додека не го решите конфликтот

Фото: Pixabay