Оригиналниот „Fiat 126p“ беше произведен во Полска, а исто така беше популарен и кај нас.
Во изминатите триесет години, бројни производители на автомобили играа на картата на носталгија за минатите времиња.
Од „Volkswagen“, кој некогаш ја оживеа легендарната „Буба“, преку „Mini“ и најуспешниот од сите ретро камбекови, „Fiat 500“, па сè до најновите примероци на компанијата „Renault“ и обновените модели „4“ и „5“ во електрични верзии.
Во исто време, многу независни дизајнери ги понудија своите визии за поранешните иконски модели во ново руво за забава и љубов кон старите автомобили. Еден од нив е Томазо Д’Амико, кој ја претстави својата верзија на моделот „Fiat 126p“ за 21-ви век.
Како и во случајот со „Fiat 500“, кој е успешен на пазарот од 2007-ма година, современиот „126p“ би бил малку поголем, но пропорциите и препознатливите естетски детали на оригиналот се задржани.
Иако „Fiat“ нема планови (засега) да го оживее моделот „126p“, тие секако би можеле да ја земат предвид оваа идеја.