Како Бил Гејтс одговори на најтешките прашања од интервју за работа

Филантропот и милијардер, коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, можеби никогаш не морал да помине низ класично интервју за работа, но во 2020 година, во интервју за YouTube серијата „Состојба на инспирација“ на НБА ѕвездата Стивен Кари, тој ја одглуми ситуацијата на млад софтверски инженер – студент кој се откажал од колеџ и аплицирал за својата прва работа во „Мајкрософт“.

Тој одговараше на класични прашања на интервјуа како што се: „Зошто да ве вработиме?“ и „Кои се вашите очекувања за плата?“. Неговите одговори беа остри, реалистични и полни со совети за секој што се подготвува да ја добие својата прва работа.

Демонстрирајќи како да одговори на прашањата што кандидатите најмногу ги мразат,  еден  од најбогатите луѓе во светот одеднаш стана близок до дипломираните студенти кои се соочуваат со тешки интервјуа за работа во неизвесни времиња.

Најголемото прашање: Зошто да ве вработиме?
Гејтс се потпре на својата страст за кодирање и години независно програмирање.

„Треба да ги погледнете кодовите што ги напишав. Моите софтверски програми се далеку над сè што сум научил на час. Мислам дека со текот на времето станав подобар, па погледнете колку бев амбициозен“, рече тој.

Но, тој не се задржа само на техничките вештини. Тој додаде:

„Мислам дека добро работам во тим. Можеби понекогаш премногу остро критикувам со колегите, но генерално сакам да работам со луѓе. Сакам амбициозни цели и размислување како да ја предвидам иднината. Софтверот е одличен и сакам да бидам дел од него.“

Неговиот одговор е потсетник дека работодавците не бараат само талент – тие бараат и тимски играчи кои можат да се прилагодат, да размислуваат однапред и да останат мотивирани.

Силни страни, слабости и искреност
Кога беше прашан за слабостите, Гејтс призна дека продажбата и маркетингот не се негова природна страна и дека тој би сакал да се фокусира на развој и дефинирање на производи.

Оваа искреност покажа дека отвореноста на интервју може да остави подобар впечаток – сè додека јасно нагласите што донесувате во тимот.

Трикот за очекување на плата
Дискусиите за плата често се непријатни, но Гејтс се справи со тоа мирно:

„Се надевам дека пакетот со опции за плата е добар. Спремен сум да го преземам ризикот затоа што мислам дека компанијата има одлична иднина, па затоа би сакал да добијам акции отколку парична компензација. Слушнав дека некои други фирми плаќаат многу, но бидете фер и нагласете ги опциите.“

Тој одговор покажа две работи: доверба во иднината на компанијата и способност за мудро преговарање. Со фокусирање на акциите, тој се претстави како некој што сака да расте со компанијата.

Лекција за сите што бараат работа
Стеф Кари најдобро го сумираше ова: одговорите на Гејтс на симулираното интервју покажуваат како можете да се претставите себеси како самоуверени, страствени и спремни за учење.

Денешните современи работодавци бараат повеќе од вештини: тимската работа, искреноста за слабостите и паметното преговарање се подеднакво важни. Без разлика дали станува збор за кодирање, продажба или дизајн, работодавците сакаат да видат дека се грижите за вашата работа и дека сте спремни да растете со тимот.