Како брзо да ја проширите мрежата на контакти

20

netvorking

Фото: Pixabay

Секој знае дека нетворкингот е многу важен и дека градењето мрежа е една од најважните вештини за претприемачите, без оглед на тоа за каква индустрија станува збор.

Како да се изгради мрежата на контакти? Еве што советува Entrepreneur:

Присуство на бизнис средби и настани

Ја знаете изреката “Ако сакате да уловите риба, одете таму каде што се рибарите”? Затоа, ако сакате да се поврзете со успешни личности, тогаш одете таму каде што се тие. Во овој контекст, една од најдобрите навики што може да ја развиете за нетворкинг е присуство на бизнис средби во вашата област, бидете заинтересирани за присутните луѓе. Бизнис средбите и настаните се непроценливи за вашиот личен раст и успех во бизнисот.

Запознајте по две личности секоја недела

Ако успеете во мисијата да поврзете со две нови личности секоја недела, ќе забележите дека вашиот нетворкинг ќе експлодира во позитивна смисла за неколку месеци. Луѓето сакаат кога некој може да им помогне. Најдете изговор секоја недела да запознаете две личности кои взаемно можат да бидат корисни еден за друг. Едноставно пратете електронска пошта на една од личностите и наведете дека знаете некој кој може да ѝ помогне во работата.

Заклучок

Нетворкингот често се смета за голема страшна работа која само менаџерите и големите бизнисмени ја прават. Без разлика до каде сте во вашата кариера и бизнис, колку сте големи или мали, имате можност да се поврзувате со топ играчите во вашето поле и да го направите тоа на многу едноставен начин.

Еден од начините да ја проширите Вашата мрежа на контакти е да станете дел од ЦЕЕД Бизнис и едукативниот клуб.