Како да бидете омилен лидер?

24

optimizam-1-pixabay

Фото: Pixabay

Ако не сте сигурни дека вашите вработени ве ценат и почитуваат, еве неколку карактеристики што треба да ги присвоите ако сакате да бидете омилен лидер.

Без многу фалби

Вистинскиот лидер не зборува наоколу за своите достигнувања. Кога некој сам се фали и има намера да се покаже подобар од останатите, голема е веројатноста да се работи за несигурност, што најчесто стои на патот на успехот.

Не доцнете

Пристигнете први на закажаниот состанок. Ако вие доцните и останатите нема серизно да ја сфатат средбата. Постапките секогаш зборуваат повеќе од зборовите.

Ефикасно користете го времето

Кога сите теми на состанокот се поминати, вистинскиот лидер ќе биде првиот/првата што ќе замине од просторијата. Тие одговараат на мејлови кога имаат слободно време и знаат како да го користат секој слободен момент и да направат нешто корисно.

Покажете разбирање

Успешниот лидер знае дека на луѓето им треба простор и време за да ги завршат своите задачи и дека со микроменаџирање можат само да ја отежнат ситуацијата. Затоа им го даваат тоа што им е потребно.

Бидете пријателски расположени, но одржувајте дистанца

Една од најважните карактеристики на омилените лидери е тоа што умеат да покажат дека се грижат за своите вработени, а притоа ја одржат потребната дистанца. Овој пристап е потребен затоа што лидерот треба да ги донесе вистинските одлуки во компанијата, без емоционална поврзаност.

Не се жалете

Врвните лидери не се жалат, дури и во најтешките времиња. Знаат дека негативниот став може само да предизвика домино ефект во организацијата. Наместо тоа тие бараат начин да ги променат работите, да најдат решение или да ја согледаат ситуацијата од позитивен агол.

Делегирајте

Никој не може, ниту сака да направи сè сам/а. Токму затоа вистинските лидери зад себе имаат армија на паметни луѓе на кои им даваат алатки и овластување да завршат одредени задачи. Тие го гледаат нивниот успех и во остварувањата на другите од тимот.

Бидете одговорни

Кога вработениот, продавачот или изведувачот чека одговор, одолговлекувањето ја чини компанијата време или пари. Токму затоа лидерот треба да покаже максимална одговорност. Во спротивно може да страда целата компанија.

И упорни

Лидерите не успеале од прв пат. Зад нив има низа падови. Но, биле неверојатно упорни да стигнат онаму каде што се. Зад најуспешните приказни секогаш има интересни случки проследени со многу грешки и фрустрации.