Како да бидете подобар менаџер во 2014

31

mravka-senka-pixabay

Фото: Pixabay

Кога станува збор за управување со луѓе, постојат многу теории за тоа како да бидете добар менаџер. Иновативните методи кои се нудат секојдневно се суштинско важни. Сепак, подеднакво важни се и основните начини за управување кои веќе станаа клише и често се занемаруваат.

Магазинот Форбс наведува пет фундаментални принципи кои ќе ве направат подобар менаџер во 2014 година.

1. Бидете отворени за нов поглед кон работите

Најдобрите менаџери се флексибилни, брзо се адаптираат и се прилагодуваат на промените во нивната околина. Тие секогаш бараат нови можности. Најважно е да бидете добар слушател. Слушајте ги идеите на своите вработени, бидејќи тие имаат директен увид во работата. Не плашете се да го промените вашиот пристап кон работата.

2. Очекувајте одлични постигнувања

Поставете високи, но не и недостижни стандарди и очекувајте од вработените да ги следат. Најдобри менаџери се оние кои успеваат да постигнат најдобри резултати преку своите вработени. Кога работниците ќе разберат дека имате големи очекувања, ќе се усогласат со нив.

3. Ценете го времето

Времето често се потценува, а тоа е клучно за менаџерите. Времето е од огромно значење при донесување на важни одлуки. Најдобрите менаџери не се пренатрупуваат со работа, затоа што треба да биде завршена навреме. Направете распоред и испланирајте колку време ви е потребно за да ги завршите сите задачи на најдобар начин. Давајте приоритети, делегирајте ефикасно и дајте им доволно време и на вработените за да си ја завршат работата како што треба.

4. Комуницирајте често со своите вработени

Овој совет најчесто се повторува, но тоа е затоа што менаџерите се уште не обрнуваат внимание на комуникацијата со вработените и давањето на фидбек за нивната работа. Секој работник сака да знае како ја завршил работата и добро е тоа да го слушне од својот претпоставен. Најдобрите менаџери се добри комуникатори. Правилниот пристап при давањето на фидбек на вработените е клучен квалитет за секој менаџер.

5. Не избегнувајте конфликти, решавајте ги

Работната средина е погодна за создавање на конфликти. Интерперсонални проблеми, конкуренција, работни односи… Сето тоа може да доведе до сериозни проблеми. Најдобрите менаџери не ги игнорираат проблемите, тие ги решаваат. Вработените ги почитуваат работодавците кои умеат да се справат со проблематични ситуации и високо го ценат тој нивен квалитет.