Како да бидете подобри во она што го работите

podobri

Фото: Pixabay

Секој сака да биде добар во она што го работи, вреден и снаодлив во очите на колегите и претпоставените. Сè може да се постигне ако се сака, а ние сме тука да ве потсетиме како.

Бидете еден чекор пред другите

Самоиницијативно превземете одредени чекори, извршете некоја задача пред да ви биде дадена од вашиот шеф/тим лидер и презентирајте ја истата како готова во вистинското време. Таквата иницијатива ќе докаже дека вие сте способни да се справите со задачите сами и другите може да сметаат на вас кога ќе затреба.

Запознајте го вашиот претпоставен малку подобро

Вашиот претпоставен/претпоставена игра голема улога во вашиот живот. Затоа потрудете се да го/ја запознаете подобро и приватно и професионално.

Очекувајте успех

Верувајте во вашата работа. Вие сте квалификувани да го правите она што го правите. Секогаш размислувајте во насока дека она што го правите се исплатува.

Проучете ја индустријата во која работите

Бидете во тек со работите кои се случуваат во индустријата во која работите. Испитувајте малку, читајте ги новостите, тоа ќе придонесе и повеќе да ја разберете вашата работа.

Секогаш приоѓајте со решение

Колку почесто презентирате квалитетни решенија на работните задачи и потоа истите ги имплеметирате  во дадено време, толку повеќе претпоставените ќе имаат доверба во вас за идни проекти и задолженија.

Подобрете ги вашите комуникациски вештини

Комуницирајте смело, често и искрено и не плашете се да се соочите со конфликтна ситуација, само така ќе успеете да го намалите стресот и да работите поефективно.

‘Големата слика’ во преден план

Пожелно е да знаете што работат вашите колеги и тим лидери. Само така ќе имате претстава зошто токму вам ви се доделени одредени задачи и проекти.

Поставувајте ги вистинските прашања

Не се плашете да поставувате прашања. Но сепак, издвојте ги оние битните и оние од кои ќе имате корист, не е во ред ни да бидете премногу љубопитни за сè и сешто.