Како да бидете поиздржлива личност

40

run

Фото: Pexels

Издржливоста е способност за справување со неизбежни предизвици, неочекувани ситуации и проблеми со коишто се соочуваме. Издржливата личност ја препознава ситуацијата, учи од грешките и продолжува да се движи напред. Постојат три елементи што се од суштинско значење за издржливоста:

Предизвик – Издржливите личности сметаат дека тежината е предизвик, а не ситуација од која треба да се парализираат. Тие на неуспеси гледаат како на лекции коишто треба да ги научат и како можности за раст.

Посветеност – Издржливите личности се посветени во остварување на нивните цели. Посветеноста не се однесува само на нивната работа, туку и на нивните пријателства, приватен живот …

Лична контрола – Издржливите личности го трошат своето време и енергија фокусирајќи се на настани над кои имаат контрола. Бидејќи своите напори ги вложуваат онаму каде што имаат контрола тие се чувствуваат силни и полни со самодоверба.

Издржливоста не е особина со којашто се раѓаме, туку опфаќа однесувања, мисли, чувства, дејства коишто се развиваат. Овие неколку начини ќе ви помогнат да ја развиете издржливоста.

Размислувајте поинаку

Не се обидувајте да ги решите проблемите со истото размислување што ги создало. Издржливите личности не ја прават истата грешка. Тие реално ги согледуваат работите и размислуваат што не функционирало.

Контролирајте ги емоциите

Изградете позитивен став. Овие личности постојано се потсетуваат дека она што им се случува е привремено. Фокусирајте се на она што може да го научите од настанатата ситуација.

Бидете подготвени

Издржливите личности работат на решавање на проблемот, наместо да останат “парализирани“ од негативноста.

Изградете врски

Изградете цврсти, лични и професионални односи. Кога ќе имате личности кои ќе ве поддржуваат во тешките моменти полесно ќе ја совладате “кризата“.