Како да бидете попродуктивни во 2017 година

30

rast

Фото: Pexels

Да бидеш продуктивен не значи дека треба да бидеш затрупан со работа. Потребно е умно работење и завршување на повеќе работа во пократок временски период. Овој предизвик може да го совладате доколку не се саботирате со лоши навики. Business Insider наведува неколку лоши навики од кои треба да се откажете за да бидете попродуктивни.

Не појадувате

Нашето тело не ја добива потребната енергија само преку одморот. Појадокот ги подобрува концентрацијата, фокусот и продуктивноста.

Ја одлагате потешката работа

Луѓето најчесто го започнуваат нивниот работен ден со извршување на полесните задачи, а потешките ги оставаат за подоцна. Истражувањата покажуваат дека волјата на луѓето се намалува во текот на денот и затоа најдобро е да ја завршите потешката и поважната работа на почеток на денот.

Непотребни состаноци

Непотребните состаноци ја намалуваат продуктивноста. Честопати се случува да појдете на состанок каде се разговара за теми коишто не се поврзани со вашата работа и така губите драгоцено време. Пред да појдете на закажаниот состанок, побарајте од другата личност со која треба да се сретнете јасна програма.

Мултитаскинг

Многумина веруваат дека работењето на две работи одеднаш е одлична работа, но научните истражувања покажуваат дека само 2% од популацијата е способна за ефективен мултитаскинг. За останатите, мултитаскингот е лоша навика којашто го намалува нашето внимание и нè прави помалку продуктивни.

Претерувате со планирањето

Многу амбициозни и организирани луѓе се трудат да ја зголемат својата продуктивност со прецизно планирање на секој час од денот. Но, работите не се одвиваат секогаш по планот и затоа потрудете се да бидете флексибилни.