Како да бидете посреќни на работното место

44

pexels-photo-407237Да се остане позитивен на работното место понекогаш е тешка задача. Сепак, можеме ако сакаме да си помогнеме на себе и да се потрудиме да бидеме среќни и кога околностите не се наша страна.

Оставете ги приватните проблеми дома

Не доаѓајте на работа размислувајќи за тоа што (не) се случило дома. Фокусирајте се на работните обврски во целост и онака ништо не може да смените додека сте во канцеларија.

Редовно барајте повратни информации

Останете информирани за тоа што се случува на работа. По завршената задача или проект, побарајте од претпоставените да ви кажат дали и колку се задоволни од сработеното. Ако се занимавате со продажба мислењето од клиентите добро ќе ви дојде. На овој начин ќе знаете дали и каде може да се поправите.

Одбегнувајте сè што е негативно

Сите негативни коментари и колеги што песимистички гледаат на работите, не го заслужуваат вашето внимание. Одберете да бидете со оние кои можат да ве насмеат или со луѓе од кои можете нешто да научите.

Оставете го мултитаскингот

Премногу задачи одеднаш можат само да ве направат нервозни и лошо да одговорите на обврските. Не практикувајте да работите повеќе отколку што можете и не преземајте одговорност само за да докажете некому нешто.

Јадете здраво и движете се

Доволна физичка активност и нутритивна исхрана можат многу да придонесат за лачење на хормонот на среќа. Освен што ќе се грижите за вашето тело ќе направите добро и на вашиот ум. Ќе бидете порасположени и задоволни од себе и од тоа што сте го постигнале.