Како да добиете покачување на плата без да побарате

371

Целите кон напредување во вашата кариера, но иако изгледа дека сè правите правилно (не доцните на работа, секогаш ги завршувате задачите во поставениот рок), сè уште не добивате унапредување или зголемување на платата. Одговорот зошто не сте наградени за вашиот труд и посветеност кон работата е едноставен: не сте ги исполниле очекувањата на вашиот претпоставен. Исполнување на очекувањата на вашиот шеф се клучни за добивање на саканото покачување, затоа треба да се потрудите да додадете вредност на работата.

Барање за зголемување на платата може да биде непријатно и стресно, но постојат стратегии што може да ги користите за да стигнете до својата цел – да ви се покачи платата без да побарате.

Додадете вредност на вашата работа

Една од најефикасните стратегии за да добиете зголемување на платата без да го побарате е да се обидете да додадете повеќе вредност за вашата работа преку носењето повеќе пари или клиенти на компанијата или намалување на трошоците.

Професионален развој

Покрај развивање на вештини што се потребни за вашата работа, научете повеќе за компанијата, конкурентите, најновите технологии и предизвици. На тој начин ќе додадете вредност на работата, а шефот ќе биде воодушевен од знаењето што го имате.

Откријте ги грешките

Одговорноста е многу важна. Многумина се обидуваат да ги прикријат своите грешки плашејќи се од последиците кога би ја признале вината. Покажете му на вашиот шеф дека не се плашите да ги признаете своите грешки и понудете решение за нивно поправање. Така ќе покажете дека сте одговорни, креативни и проактивни.

Бидете проактивни

Не бидете работник кој го изработува само тоа што му е делегирано да го заврши. Шефовите сакаат работници со визија, затоа пренесете ја секоја идеја што ја имате за компанијата на долг рок.

Покажете смиреност во криза

Способноста да се справите со кризни времиња во компанијата е способност што ја цени шефот. Без разлика дали станува збор за конфликт меѓу вработени, сменето правило… потрудете се да останете смирени. Вашата смиреност и способност да размислувате јасно за време на криза покажува дека имате лидерски потенцијал.