Како да добиете признание за вашата работа

46

respekt

Фото: Pixabay

Секој сака да добие признание за добро завршената работа бидејќи тоа е клучот да се чувствувате повеќе ангажирани и посветени на она што го правите.

Можеби ви се случува да работите напорно, организирано, ефикасно и успешно да завршите некој проект без да дигнете прашина околу тоа, но да изгледа како никој да не го забележал тоа.

Затоа, постојат неколку работи што треба да ги направите за да добиете признание за одличниот производ, услуга или напор што сте го оствариле, пишува Inc.

Направете преглед на вашите активности

Не чекајте формални коментари од вашиот шеф, клиент или партнер. Закажете состанок за да направите преглед на вашите проекти, зборувајте за вашиот успех и што следно планирате да преземете.

Побарајте посебен проект

Ако не добиете признание за вашата работа, побарајте да изработите посебен проект што ќе го привлече вниманието на другите. Посветеноста да завршите некој предизвикувачки проект ќе придонесе да се издвоите од останатите.

Користете социјални медиуми

Преку социјалните медиуми или личен веб сајт може да создадете сопствена мрежа. Ако другите не даваат признание за сработеното, раскажете за вашиот успех преку мини студија којашто ќе ја објавите на вашата веб страна.

Заблагодарете се

На тимот со којшто работевте и постигнавте успех напишете им картичка во којашто ќе ја изразите вашата благодарност за нивната напорна работа. Признанието најчесто е “двонасочна улица“.

Ценете се себе си

Не чекајте секогаш некој да ве пофали. Ако сте завршиле голема работа, наградете се самите.