Како да ги “исполираме” нашите комуникациски вештини?

77

komunikacii

Фото: Pixabay

Колку и да мислиме дека комуникацијата со луѓето добро ни оди, секогаш има место за подобрување.

Пред се треба да умееме вистински да се поврземе со фамилијата, пријателите, колегите…

Сите сме различни, со поинакви ставови, желби и искуства. Сите се поврзуваме на различни начини, но едно е сигурно, добрите комуникациски вештини помагаат во многу ситуации од животот.

Затоа еве неколку инспиративни реченици кои ќе им дадат енергија на вашите мисли и зборови.

Најважното нешто во комуникацијата е да се чуе она што не е кажано – Питер Дракер

Пораката лежи во тонот на гласот – Кевин Т. Меккарни

Мудрите зборуваат затоа што имаат што да кажат, будалите колку нешто да кажат – Платон

Имаме две уши и една уста, за да слушаме два пати повеќе од што зборуваме – Епиктеус  

Два монолога не прават дијалог – Џеф Дејли

Претпоставките се термити за врските – Хенри Винклер

Пишувај за да бидеш разбран, зборувај за да бидеш слушнат, читај за да созреваш – Лоренс Кларк Пауел

Науката може никогаш нема да пронајде подобар начин на комуникација во канцеларијата од паузата за кафе – Ерл Вилсон

Кога некој зборува внимателно, слушај. Повеќето луѓе никогаш не слушаат – Ернест Хемингвеј

Кога довербата е голема, комуникацијата е лесна, брза и ефективна – Стивен Р. Ковеј

Кога очите говорат едно, а зборовите друго, паметниот го слуша она првото – Ралф Волдо Емерсон