Како да ги подобрите комуникациските вештини

111

razvoj

Фото: Pixabay

Ефикасната комуникација е една од најважните животни вештини. Успехот во голема мера зависи од вашата способност да комуницирате. Може да бидете најдобри во вашата бранша, но ако немате добра комуникација со клиентите или колегите, тогаш може да пропуштите многу можности. Без разлика дали сакате да ја подобрите комуникацијата во вашиот приватен живот или сакате подобро да ги презентирате вашите идеи на работа, овие неколку совети ќе ви помогнат да комуницирате поефикасно, пишува Lifehacker.

Говор на тело

На вашиот соговорник му велите дека сте отворени за дискусија, но рацете ги држите скрстени, велите дека го слушате, а не ја кревате главата од вашиот телефон. Невербалните и непишаните знаци откриваат повеќе отколку што мислиме. Каков контакт со очите ќе остварите или какво е вашето држење за време на видео интервју, не заборавајте дека постојано комуницирате дури и кога не изговарате ни збор. Ако е потребно да ја зголемите самодовербата пред некој голем разговор, вежбајте “моќна“ поза или научете како да го читате говорот на телото на соговорникот за да може соодветно да одговорите.

План за разговор

Ако треба да разговарате со личност која не ја познавате најдобро е да направите план. Подгответе теми за кои би дискутирале (фамилија, професија, рекреација, цели). На тој начин “малиот“ разговор ќе го претворите во конверзација, споделувајќи информации што може да ви помогнат на вас и другата личност да најдете заеднички јазик.

Поставувајте прашања

Поставувањето на прашања и повторување на последните зборови на соговорникот покажува дека сте заинтересирани за она што тие зборуваат, а доколку има нејасни работи побрзо ќе се совладаат.

Слушајте

За да ги подобрите комуникациските вештини треба да научите да слушате, да внимавате и да го оставите соговорникот да зборува без да го прекинувате. Добрата комуникација е збир на зборови елегантно поврзани со слушање.