Фото: Pixabay
Човечки е да се направи грешка. Лошо е истата да не се признае. Нарушените односи на работа или било кое друго место можат само да ви наштетат. Еве неколку совети како да ги поправите.
Не е доволно само извинување, променете ги работите
Ако сте направиле грешка и сте ги нарушиле пријателските односи, нема да биде доволно само да се извините. Ќе треба да најдете начин како да ги поправите работите со дела. Ако сте ги влошиле односите со клиент, понудете бесплатен производ/услуга, доколку тоа бил шефот понудете се да платите ручек или слично. Она што треба да го покажете независно кому сте погрешиле е добрата волја за помирување.
Детално објаснете ги своите грешки
За почеток најдобро ќе биде да се држите до своите грешки. Вашата цел е да ја поправите врската којашто е уништена и затоа треба да ги признаете своите слабости и лошото однесување. Верувале или не, токму тоа ќе покаже дека верувате во вашите способности и можности за поправка. Ако не признаете вина, не оставате простор другата страна да размисли дека можеби има шанса за повторна комуникација.
Не покажувајте со прст
Не потенцирајте кој и што згрешил, односно без покажување со прсти. Нема потреба од дополнително долевање на масло врз огнот. Признанието дека сте ја сфатиле вашата грешка, дека попатно сте научиле некои работи е она со што треба да се започне разговорот за помирување. Следен чекор е да се праша другата страна дали може да ви даде уште една шанса.
Немојте многу да навлегувате во проблемите
И двете страни знаат што се случило. Затоа, колку повеќе навлегувате во проблемот/те, било да е тоа дискусија или размислување, само ќе ги влошите работите. Направете ги потребните поправки што побрзо. Кажете го тоа што треба да се каже и толку. Не дозволувајте раната да се продлабочи.
Обидете се
Многу луѓе едноставно од старт се откажуваат и мислат дека секој обид би бил залуден. Сепак, додека не се обидеме, нема да дознаеме. Со самиот обид нешто да поправиме, стануваме подобри луѓе за другите, но и за себе си, што е многу важно. Созреваме, учиме дека животот е подобар кога не сме лути со никого. Можеби обидот ќе вроди со плод, но бидете подготвени и на неуспех ако другата страна не соработува. Она што треба да го запомните е дека со самата добра волја што сте ја покажале сте направиле многу.