Како да ги поставите и постигнете целите?

17

lista

Фото: Pixabay

Ако не се јасно формулирани и не знаеме што всушност сакаме, мали се шансите да ги постигнеме поставените цели. Затоа…

Посветете се

Целите бараат максимална посветеност. Не постои друг начин. Ако имате проблем да се посветите на одредена цел, вратете се назад и започнете одново. Можеби целта не е добро дефинирана или потребна ви е поголема мотивација.

Следете го напредокот

Водете евиденција како напредувате. Методот изберете го сами. Клучот е редовно да проверувате во која насока се движи остварувањето на целите. Забележувајте каде сте во моментот и каде треба да стигнете.

Бидете реални

Добро е да имате големи и амбициозни планови. Но, ако ги поделите на неколку помали и пореални цели, истите ќе имаат поголеми шанси да се остварат. Така полесно ќе ги менаџирате и нема да бидете под постојан стрес.

Побарајте помош

Иако целите се лично ваши, не значи дека мора да поминувате сами низ процесот. Доколку почувствувате дека ви треба било каква поддршка или помош, не се воздржувајте – побарајте.

Мислете на крајниот резултат

Фокусирајте се на големата слика. Ова е особено важно кога поставувате долгорочни цели. Ќе има моменти кога ќе бидете фокусирани само на одењето напред и нема да размислувате за крајниот резултат. Сепак потребно е да одвоите време и да помислите КАДЕ одите. Визуелизацијата на успехот ќе ви даде дополнителна мотивација.

Бидете конзистентни

Конзистентноста и рутината честопати играат голема улога во остварувањето на целите. Затоа бидете доследни во начинот на проверките и на фокусирањето на целите. Колку порутински го направите процесот, полесно ќе ви биде да продолжите до крај.

Дозволете целите да се променат

Како што се менува животот, така и целите можат да претрпат промена. Затоа доколку општествените, животните и бизнис условите се променат, паметно ќе биде да ги прилагодите целите на нив. За истите да бидат релевантни и реални, направете ја потребната промена.