Како да ги претворите негативни фрази во позитивни

40

plus-minus

Фото: Pixabay

Слушање и користење на позитивниот говор може да направи да се чувствувате добро физички, ментално и емоционално. Од друга страна пак, негативните фрази можат да ги блокираат природните механизми за релаксација на мозокот и да бидат причина за лошо расположение.

Затоа заменете ги оние негативните изјави во вашиот речник и додадете малку позитивна енергија со зборови како “секако”, “одлично” и “сигурно”.

Еве како:

Наместо зошто не, подобро кажете звучи добро.

Наместо нема проблем, кажете секако.

Наместо не можам да се пожалам, речете сè е добро, благодарам.

Иако овие изрази се позитивни, човечкиот мозок е негативно пристрасен и потсвесно наоѓа проблеми и причини да не направи нешто или пак се жали додека ги кажува наведените фрази.

Негативните изјави лесно можат да станат позитивни:

Наместо колку сум уморен/на кажете морам да се одморам.

Тука е нагласено решението на проблемот, што придонесува говорникот и слушателот подобро да се чувствуваат.

Наместо заборавив, подобро ќе биде да кажете ќе се погрижам да направам потсетник.

Повторно акцентот се става на тоа што можеме да го направиме, се влева надеж на луѓето околу вас и поттикнува исчекување на позитивен резултат.

Реченицата: За жал, проектот е невозможно да се заврши навреме поради проблемите што некои луѓе ги создадоа со тоа што доцнеа со извештаите, свртете ја во една позитивна насока како на пример:

Може ли секој да ги предаде своите извештаи до петок, за да можеме да ја завршиме работата навреме и да го испочитуваме рокот?

Тоа не само што ќе предизвика позитивни емоции, туку ќе даде дополнителна мотивација и енергија кај целиот тим.