Како да ги селектирате важните информации

22

Фото: Pexels

Човекот има одреден капацитет на меморија и помнење. Помнењето може да биде краткорочно и долгорочно, но капацитетот, односно количината на меморирани информации е варијабилна. Обично се сеќавате на нешто, но тешко се помни само квалитетната, односно потребната содржина, без разлика на методот и времето кога тоа сте го учеле.

Еве еден корисен трик за поефикасно селектирање на информации.

При учењето на било каква содржина или градиво, замислете дека имате куќа со голем број на соби коишто се со затворени врати.

Рапределети ги предметите за учење по соби и во мислите “залепете“ наслови на секоја врата.

Отворете ја вратата и почнете со учење, применувајќи техника што во моментот ја знаете и владеете. Кога ќе завршите со една лекција или област, излезете од замислената соба и затворете ја вратата зад себе.

Секој пат кога ќе сакате да ја повторите оваа лекција којашто сте ја оставиле во таа соба, отворете ја таа врата и влезете во собата каде сте ја “оставиле“ својата лекција.

Помнењето на потребната содржина ќе го постигнете со правилно разместување на истата во посебните соби.

Секогаш различните содржини ставајте ги во посебни соби, на пример, бројките во една, лекцијата за веб-дизјан во друга итн.

Почнете со помал број на соби, па постепено проширувајте ја својата мемориска куќа.