Како да ги спречите настинките оваа есен?

22

esen

Фото: Pixabay

Откако есента и календарски пристигна, може да очекуваме променливо време со пониски температури и дожд. Таквите временски услови се најчеста причина за настинки и вирози.

Подолу ќе добиете неколку совети како полесно да се заштитите од настинките во овој период.

Редовно миење на рацете

Редовната хигиена е половина здравје, па така редовно мијте ги рацете и избегнувајте ракување или било каков контакт со лица кои се настинати. Откако добро ќе ги измиете рацете, добро избришете ги бидејќи мокрите раце се погодни за развој на бактерии и вируси.

Редовно проветрување и престој на свеж воздух

Иако есенските денови носат дожд и пониски температури, не заборавајте редовно да ги отворате прозорците во домот или на работното место. Во спротивно, ќе создадете “поволна“ клима за развој на бактерии особено доколку работниот простор го делите со повеќе колеги. Малите прошетки ќе го зајакнат имунолошкиот систем, ќе направат да се чувствувате подобро и ќе ви помогнат во одржување на физичката кондиција.

Храна богата со витамини

Во овој период особено се препорачува храна богата со витамини. Секојдневно внесувајте овошје богато со витамин Ц, бидејќи овој витамин е вистински “штит“ на настинките. Доколку имате повеќе време може да подготвите и свежо цеден овошен сок што ќе ви ја овозможи потребната дневна доза витамини. Есента е период на богата софра со многу зеленчук, па од таа причина свежите салати нека бидат задолжителен оброк во текот на денот.