Како да ги спречите негативните луѓе да ви ја црпат енергијата

139

energija

Фото: Pixabay

Негативни луѓе има насекаде околу нас, па затоа е тешко да не налетате на некој од нив. Тие ја црпат вашата енергија, ви го расипуваат расположението и бесцелно ви го трошат времето.

Како да го спречите нивното лошо влијание? Овие неколку совети ќе ви помогнат околу тоа.

Ценете го своето време

Дури и кога морате да поминете одредено време со негативна личност, свртете ја ситуацијата во ваша корист. Секогаш кога ќе почне да зборува нешто песимистички, прекинете го/ја и кажете нешто убаво. Обидете се да останете рамнодушни и не размислувајте за тоа дали и колку некој ве нервира.

Заземете став

За да не дозволите и вас да ве понесе негативното расположение и да ви ја намали продуктивноста, поставете се цврсто и одлучно и водете се од помислата дека денес нема да дозволите ништо да ве демотивира. Практикувајте ги овие позитивни афирмации сè додека не ви станат навика и во однесувањето.

Дајте им нова насока на вашите мисли

Обрнете внимание на тоа како вашите мисли се менуваат кога сте во контакт со негативни луѓе. Тие најчесто влијаат на вашето моментално размислување, но лошите мисли можат да се провлечат во текот на денот, па и подолго. Така, наместо да размислувате како да го подобрите својот перформанс, вие се фокусирате на тоа колку сте вознемирени. Запомнете дека имате предност над нив, а тоа е позитивното размислување.

Одберете продуктивно однесување

Честопати се вели дека сами си ги одбираме реакциите, без разлика со каков човек си имаме работа. Можеби ќе биде потребно малку ментално вежбање за да раководиме со нив, но никогаш не е доцна да се започне. Не ги обвинувајте другите, туку прифатете ја сопствената одговорност за постапките што ги правите. Ако сакате да ги спречите негативните чувства, не дозволувајте им на песимистите да стекнат моќ над вас. Едноставно одберете продуктивно однесување.