Како да ги зголемите довербата и моралот кај луѓето кога е најпотребно

45

tim-pixabay

Фото: Pixabay

Клучната работа на лидерот е да влее доверба и да го поткрене моралот кај тимот кога ќе дојдат неизвесни времиња. Во продолжение неколку начини како правилно да се постапи кога работите ќе станат тешки.

Отворена комуникација

Не ги залажувајте луѓето, така само го поткопувате вашиот кредибилитет. Кажете им го тоа што го знаете. Во неизвесни времиња луѓето сакаат да чујат точна информација. Кажете им и ако нешто не знаете, едноставно бидете искрени, зошто во спротивно ќе мислат дека криете информации.

Објаснете го вашиот план

Од лидерите се очекува секогаш да имаат план. Објаснете што планирате и зошто сте ги донеле токму тие одлуки. Ако имаат смисол, останатите ќе го прифатат тоа, во спротивно ќе наидете на многу прашања. Транспарентноста раѓа доверба, а во тешки времиња довербата е многу важна.

Бидете флексибилни и адаптибилни

Во неизвесни времиња многу е веројатно да пристигне информација што ќе го смени планот или ќе придонесе за подобро решение. Затоа треба да имате отворен ум и да не се држите до првичната замисла. Многу е важно да се биде флексибилен и способен за присвојување на поинакви решенија доколку се појават.

Создавајте мали победи

Одбележете ја секоја мала победа, секој мал успех што тимот ќе го направи. Дајте им до знаење дека иако мали и тие победи се значајни како составен дел од големата слика. Тоа многу ќе помогне за подигнување на довербата, зајакнување на моралот и зголемувње на решителноста.

Останете видливи и ангажирани

Во тешки времиња лидерот е карпа за која луѓето се држат. Им дава надеж и истрајност, но сето ова може да исчезне ако лидерот е отсутен на подолг период. Тогаш сомнежот и несигурноста растат. Затоа потребна е присутност, видливост, позитивна енергија и ангажираност. Само така мотивацијата ќе ги движи луѓето во вистинската насока.