Како да го изберете вистинскиот кандидат за работа?

26

pexels-photo-652355

Фото: Pexels

Изборот на вистинскиот кандидат за работа не е лесна задача. Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат да ја донесете правилната одлука.

Не “паѓајте“ на харизма

Многу е лесно некој кандидат да ве “маѓепса” со неговата харизма, насмевка и позитивна енергија. Иако, ова е доста важно, сепак во никој случај не треба да биде пресудно во вашиот избор. Харизмата е едно, искуството, посветеноста на работата и мотивацијата на кандидатот се сосема друго.

Не ја донесувајте одлуката сами

Повикајте со вас колеги од човечки ресурси кои ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Секогаш е важно да чуете повеќе мислења, при донесувањето на ваква важна одлука.

Детално прегледајте го неговото претходно искуство

Доколку кандидатот работел повеќе работи истовремено или студирал и работел успешно, можеби тој е вистинскиот избор. Не ви треба студент кој дипломирал со одличен просек и бил посветен само на учење, а нема никакво искуство во работата.

Препознајте го кандидатот кој е мотивиран

Мотивираниот кандидат кој има желба за напредок и успех во кариерата е секогаш добар избор. Прашајте го што е она што го мотивирало да аплицира за работната позиција во вашата фирма и каде се гледа во иднина. Неговиот одговор ќе ви помогне многу при донесувањето на одлуката.