Како да го извлечете најдоброто од другите

15

kolegi

Фото: Pexels

Како лидер, најважниот дел од работата не се вашите резултати, туку да ги поттикнете вработените да остваруваат резултати. Истражувањата покажуваат дека вработените кои имаат добар лидер се мотивирани да го дадат најдоброто од себе.

Мотивацијата на вработените е еден од најважните фактори за успешно работење на компанијата. Мотивацијата ќе ги охрабри вработените да ги извршуваат поставените цели и задачи. Вработените не треба да ги сфаќаат како наредби, туку да чувствуваат дека и тие учествуваат во поставувањето на цели. Вклучете го тимот во донесување на одлуки. Запознајте го добро тимот и нивните потреби. Соодветно делете ги работните задачи и бидете сигурни дека работникот ја разбрал дадената работна задача.

Дајте го најдоброто од себе и ќе изградите одлична кариера. Кога ќе го извлечете најдоброто од другите, може да го смените светот. Ако сакате да постигнете нешто значајно, мора да ги вклучите и другите луѓе.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да го извлечете најдоброто од другите.

Бидете дарежливи

Дајте им го на другите вашето време, енергија и поддршка. Верувајте во нив дури и кога се “сопнуваат“ или не веруваат во себе.

Имајте отворен ум

Многу од талентираните луѓе со кои соработувате се поразлични од вас. Тие може да мислат, дејствуваат, зборуваат поразлично од вас.

Охрабрувајте

Поддржувајте и внимателно слушајте ги своите вработени кои можеби имаат тежок период, низок морал, замор или се фрустрирани од работата. Не треба да сте најдобар пријател со вработените, но треба да ги знаете нивните хобија, интереси, лични цели. Вработените нема да работат напорно за вас сè додека не дознаат колку се грижите за нив.

Бидете јасни

Вашата улога не е да се биде најпаметниот човек во просторијата. Вашата улога е да комуницирате, соработувате и да го поттикнете талентот на други луѓе.