Како да го креирате вашиот личен бренд

41

prazna-slika-pixabay

Фото: Pixabay

Секогаш кога комуницирате со луѓето, било да е тоа во живо или преку медиум, тие со текот на времето градат престава за вас како личност. Затоа треба да умеете да ја менаџирате својата репутација. Сакате да контролирате што другите ќе мислат за вас? Тогаш добро изградете го вашиот личен бренд, она по што сакате луѓето да ве знаат. Еве како:

Одберете ги столбовите на вашиот личен бренд

Изберете ги квалитетите по кои сакате да бидете запаметени, атрибутите кои сакате луѓето да ги поврзуваат со вас. Но, имајте на ум дека треба да бидете искрени, не се правете она што не сте. Исто така не се фокусирајте на премногу работи, во спротивно на луѓето ќе им биде потешко да запаметат било што за вас.

Одредете ги приоритетите

Луѓето полесно ќе запомнат една работа/карактеристика отколку пет. Полесно е да се фокусираат на едно нешто отколку на повеќе. Затоа колку повеќе лични информации кажувате на другите, толку помалку тие ќе запомнат.

Составете ги вистинските елементите во една сеопфатна реченица

Понекогаш може да биде навистина тешко да зборувате за некоја работа која не сте ја осмислиле или добро разработиле претходно. Затоа мора добро да размислите како ефективно ќе комуницирате со луѓето. Соберете ги мислите и составете ја правата реченица која ќе биде кажана на вистинското место и во вистинско време.

Направете го истото со вашиот онлајн идентитет

За да имате ефективен личен бренд, вашите онлајн профили на Facebook, Twitter, или LinkedIn, треба да ги рефлектираат оние реченици и изјави што најдобро го опишуваат вашиот личен бренд. Ревидирајте ги вашите онлајн профили на социјалните мрежи и направете ги потребните промени кои ќе одат во прилог на успешното прикажување на вашата личност.

Живејте го вашиот личен бренд

Личниот бренд трба да претставува повеќе од презентирање на вашата личност.  Тој треба да покажува зошто вие сте толку добри, зошто сте бренд. Трудете се да ги нагласувате неговите елементи во секој сегмент од животот. Понекогаш не се однесуваме онака како што сакаме светот да не гледа. Личниот бренд може да биде јасна претстава на тоа што би требало да бидеме во секојдневието.

И за крај запомнете дека Вие сте извршен директор на Вашата Личност.