Како да го надминете стравот од јавен настап

67

mikrofon

Фото: Pexels

Прво што треба да разберете е дека стравот е само помисла. Страшни ликови, висина од која може да паднете, вода во која тонете и закана што ве следи… ако ги замислите сите овие сценарија истите ќе предизвикаат паника и страв кај вас. Тоа само кажува дека стравот може да се контролира ако не му се даде шанса да ги опседне вашите мисли.

Ако сте од оние што се ужаснуваат кога треба да зборуваат или презентираат нешто пред публика, тогаш овие пет совети ќе ви помогнат околу тоа.

Немојте да бегате

Можеби ќе избегнете некои ситуации што не ги сакате, но можеби и ќе пропуштите шанса за напредок и успех. Ако колегата ја одржи презентацијата наместо вас, ќе бидете поштедени од стресот, но можеби тој/таа ќе добие добра прилика што можела да биде ваша.

Не ја игнорирајте публиката

Избегнување контакт со очите е јасен знак дека се плашите. Тоа е причина да оставите лош впечаток, публиката да биде незаинтересирана и стравот за тоа што ќе помислат другите само да се зголемува. Посветете им се на луѓето, тоа ќе биде добро и за вас.

Не го отфрлајте говорникот

Дајте му шанса на говорникот во вас колку и да сте скептични дека добро ќе ја заврши работата. Оставете ги сите помошни трикови со коишто сте се обидувале да ја потиснете таа улога. Без разлика дали се работи за избегнување на контакт со очи, премногу белешки и слајдови, заборавете на тоа и едноставно бидете присутни во моментот и обидете се да се соживеете во улогата на говорник. Можеби и ќе ви се допадне.

Не се обидувајте да го скриете стравот – бидете искрени

Сите напори да го скриете стравот ќе резултираат со негово зголемување. Постојаната грижа дали луѓето ќе забележат дека нешто, само може да ја зголеми анксиозноста. За да имате успешен настап и да бидете задоволни, прво морате да бидете искрени спрема себе си, а потоа и кон другите.