Како да го намалите ризикот од дијабетес?

111

diabetes

Фото: Pexels

Според најновите истражувања дијабетесот може да се спречи… со стоење, пишува Mirror.uk.

Редовно станување од работното биро или креветот на којшто седите го намалува нивото на шеќер во крвта и вредностите на инсулинот на сличен начин како што тоа го прави пешачењето. Ова само ја потврдува опасноста од долгото седење што може да има последици по здравјето на милиони канцелариски работници.

За целите на истражувањето биле испитани 22 пациенти со прекумерна тежина и со висок ризик за дијабетес тип 2. Резултатите покажале дека со пет минутно стоење по секој половина час седење, нивото на шеќерот по појадокот и ручекот се намалува за 34%, а концентрацијата на инсулин се намалува за 20%.

Уште поинтересно е што подобреното ниво на шеќерот останувало исто и следниот ден.

Затоа практикувајте почесто да станувате од столчето, било да сте на работа или дома. Уште подобро би било да прошетате малку, се разбира доколку околностите дозволуваат. Ако тоа не е возможно и неколку минути стоење можат да помогнат за внесот на гликоза во поголемите мускули од телото.