Како да го “победите“ перфекционизмот

28

accuracy-1869485_960_720

Фото: Pixabay

Инсистирање на совршенство или перфекционизам може да предизвика повеќе штета отколку корист. Основна карактеристика на перфекционизмот е тежнеењето сè да биде во согласност со екстремно високите стандарди што ги поставувате. Главната опасност што ја носи оваа карактеристика е неможноста да ја согледате разликата меѓу одличното и совршеното. Одлично – е нешто што може да се изведе, со труд и посветување на внимание на деталите и важните аспекти, додека совршеното е недостижно. Цел што ја поставувате надвор од вашите можности, но тоа не го согледувате и чекате да се доближите, губејќи фокус од многу поважни работи.

Поставување високи стандарди не е секогаш лоша работа. Тоа може да биде добра мотивациска техника. Но, треба да знаете да поставите граници. Екстремниот перфекционизам може да ве уништи и да ви донесе поголем стрес и постојано чувство на недостојност. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го “победите“ перфекционизмот.

Најдете алтернативен начин за решавање на работите

Во деновите кога “не ви оди од рака“, сменете ја рутината. Обидете се да бидете спонтани во извршување на своите задачи и обврски. Дозволете им на другите да ви помогнат, ако ви е потребна помош. Овозможувајќи им на другите да ви помогнат може да резултира со побрзо завршување на работата, оставајќи повеќе време за ревизии и поправање на работите.

Поставете си помали цели

Започнете со креирање реални временски рокови и распоред. Дајте си доволно време за да завршите некоја задача без да мора да ја одложувате. Поставувањето на разумен рок врз основа на вашите способности не само што ќе ви овозможи да работите мирно, туку и да имате верба дека може да ја постигнете вашата цел.

Оставете простор за разочарување и грешки

Размислете за вашите неуспеси. Не бидете строги и обидете се да си ги простите грешките, наместо да се самосожалувате.