Како да го победите уморот?

30

Во летните жешки денови сè почесто се случува да немаме доволно енергија за да го издржиме напорниот работен ден. Од таа причина и потешко се фокусираме на обврските и задолженија и поподложни сме на грешки.

За да можете да го победите уморот, следете ги следните неколку совети.

Почести мали оброци

Докажано е дека помалите и почести оброци во текот на денот подобро влијаат на нашето здравје. Не треба да гладувате за на крајот од денот да се прејадете. Консумирајте често, мали количини на добро избалансирана храна.

Раздвижување

Можеби на почетокот ќе ви биде тешко да примените физичка активност кога сте уморни, но тоа ќе се исплати на долги патеки. Започнете со неколку минутно пешачење… од големо значење е да го размрдате организмот уште на почетокот од денот.

Многу вода

Водата е клучна за борба против уморот. Честопати, особено лето, кога не консумираме доволно вода, чувствуваме умор. Колку повеќе вода пиете, толку повеќе енергија ќе имате од причина што ќе го хидрирате телото на најдобриот можен начин.

Доволно сон

Трудете се да си обезбедите доволно сон. Не подлегнувајте кон небитните работи што само ви го одвлекуваат вниманието, како ноќно сурфање на интернет и социјалните мрежи. Оставете го денот за онлајн активности.

Омега – 3

Омега – 3 киселините и рибиното масло се одличен извор на енергија. Многу спроведени истражувања покажуваат дека луѓето кои ги консумираат овие суплементи помалку чувствуваат замор, а менталните процеси им работат подобро.

Ослободување од вишокот килограми

Вишокот на килограми секако придонесува за поголем умор. Прекумерната тежина им пречи и на внатрешните органи, особено на срцето. Затоа, доколку спаѓате во оваа категорија преземете ги сите потребни здрави чекори за слабеење.

Фото: Pixabay