Како да го процените карактерот на луѓето кои ги запознавате

36

covek

Фото: Pexels

Човечкиот мозок е “програмиран“ да проценува, затоа при запознавање нови луѓе секогаш го оценуваме и толкуваме нивното однесување. Проценката може да се направи преку суптилни работи како ракување или говор на тело, пишува Business Insider.

Колку често го проверувате телефонот

Држењето на телефонот во рака и постојано гледање во него за време на разговор покажува дека не го почитувате соговорникот, немате волја, внимание и вештина за слушање. Освен ако не е итно најдобро е да го чувате телефонот во чанта.

Нервозни навики

Постојаното допирање на ноктите и лицето укажува на тоа дека сте нервозни и нерасположени. Овие навики, според истражување на Универзитетот во Мичиген, се одлика на перфекционистите и најчесто ги прават кога се фрустрирани или им е здодевно.

Дали поставувате и одговарате на прашања

Луѓето кои зборуваат само за себе и се премногу гласни се самобендисани. Оние кои само поставуваат прашања и не зборуваат многу за себе се скромни. Добри соговорници се оние кои прават рамнотежа во разговорот (прашуваат и одговараат).

Како се ракувате

Според студија на Универзитетот во Алабама цврстото ракување е карактеристично за помалку нервозни и личности кои не се срамат. Слабото ракување е одлика на оние кои немаат самодоверба.

Контакт со очи

Во остварувањето на контакт со очите клучен е балансот. Иако е важно да одржите контакт со очите, постојаното гледање во очи може да се смета за агресивно. Краткото гледање во соговорникот остава впечаток на незаинтересирана и срамежлива личност.