Како да го репрограмирате мозокот за да постигнете успех

23

glava

Фото: Pixabay

Повеќето луѓе мислат дека човечката меморија е како видеокасета или компјутерска меморија. Кога ќе се сетите на нешто, ја враќате касетата и спомените стануваат видливи и живи во зависност од тоа колку сте добри во меморирање на работите. Меѓутоа, не било така. Истражувањата на невролозите покажаа дека кога запаметувате нешто, мозокот повторно ги обновува врските со невроните и буквално ја менува структурата. Наместо видео репродукција, човечката меморија е повеќе како видео монтажа.

Кога се сеќавате на нешто, вие повторно го креирате, менувате и меморирате. Меморијата е предмет на промена секој пат кога се сеќавате на нешто.

Според најновите истражувања, можно е намерно да ги измените лошите спомени за да се отстранат лошите емоции поврзани со нив.

Што значи тоа?

Вашите ставови и однесување – двете работи што ве прават успешни – се под влијание на вашите спомени.

На пример, ако во минатото сте доживеале неуспех, тогаш голема е веројатноста да избегнувате да преземете ризици, иако можеби тие се паметни одлуки.

Слично на тоа, ако во минатото сте постигнале успех и имате позитивни спомени, голема е веројатноста дека ќе преземате активности за да го повторите успехот.

Еве како можете да поработите на меморијата:

1. Да ги измените лошите спомени така што тие нема да ве задржуваат назад

За да ги извлечете негативните емоции од лошите спомени, потсетете се на ситуацијата во вашите мисли и тогаш замислете дека сликата станува се помала и дека се придушува – како да ја гледате на мал црно-бел телевизор. Потоа додадете ги деталите од ситуацијата што предизвикале негативна емоција. На пример: ако се сеќавате на времето кога сте одржале лоша презентација, насочете се кон публиката и замислете дека е облечена во кловновски костуми.

Наравете го ова пет до десет пати и ќе откриете дека лошите спомени веќе не предизвикуваат негативни емоции. Ако ништо друго, барем спомените од таа презентација ќе ве натераат да се насмеете, бидејќи вие буквално и физички сте ја промениле структурата на вашиот мозокот.

2. Да ги зајакнете добрите спомени така што тие ќе ве туркаат напред

За да ги направите добрите спомени помоќни и мотивирачки, треба да ја замислите ситуацијата и да ја погледнете на голем телевизор. Најважно е да ги зголемите позитивните емоции што ги предизвикала дадената ситуација и повторно да ги почувствувате. Направете го ова пет до десет пати и ќе откриете дека тогашните среќни емоции сега влеваат мотивација. Колку подлабоко го чувствувате сеќавањето, толку повеќе ќе сакате емоцијата да се повтори во реалноста.