Како да го завршите состанокот на време

25

sostanok

Фото: Pexels

Една од најголемите грешки во менаџирањето на времето, кога станува збор за состаноците е тоа што дозволуваме да се помести закажаниот термин. Честопати се случува состанокот да се помести за одредено време или да се оддолжи, а со тоа и да се изгуби и неговата поента.

Затоа, најважно е да управувате со времето на вашиот состанок. Мора да бидете дисциплинирани и да си одвоите време коешто ви е потребно за состанокот и да се придржувате до договорените теми. Во спротивно вашиот ден може многу лесно да се преобрази. Секогаш на состанокот пристигнувајте на време, но и заминувајте во договорениот термин.

Доколку сакате добро да управувате со своето време известете ги останатите кога треба да заврши состанокот. Ако луѓето знаат дека состанокот треба да заврши во одредено време, тие ќе го почитуваат тоа.

Time management ninja нуди неколку совети како да ги завршите вашите состаноци на време.

Почнете на време

Без разлика дали некој доцни или луѓето се шетаат наоколу започнете го состанокот на време. Овој потег ќе им даде до знаење на останатите за сериозноста на состанокот и како ќе се одвива.

Имајте агенда

Многу состаноци се водат без цел и редослед. Состанокот организирајте го понудувајќи им агенда на учесниците.

Поставете очекувања

Пред да го започне состанокот, разговарајте со учесниците за целта на средбата и посочете им што очекувате од неа.

Придржувајте се до темата

Не дозволувајте на луѓето да зборуваат за теми што не се поврзани со средбата. Бидете дисциплинирани и секогаш држете се до поставената тема.

Проверувајте го времето

Особено за состаноци коишто траат подолго од 15 минути, редовно проверувајте го преостанатото време и дали сè оди по планот.

Завршете порано

За да завршите во предвиденото време, мора да привршите пред договорениот термин, бидејќи секогаш треба да има простор за дополнителни прашања и дискусија.

Извинете се

Доколку забележите дека состанокот нема да заврши во планираното време, напуштете го со стил. Извинете им се на останатите и искористете го најдобриот изговор дека треба да појдете на друг состанок.