Фото: Pixabay
Повеќето од нас се чувствуваат сосема пријатно кога присуствуваат во сала полна со луѓе, на настан од отворен карактер, но сепак на добар дел од присутните не би им било пријатно да го направат првиот контакт.
Експертите велат дека сето тоа се должи на стравот од одбивање, од неприфаќање на она што сме.
Доколку треба да комуницирате со личност која тешко започнува разговор, а уште потешко го кажува тоа што го мисли, обидете се со следниве тактики.
Започнете со претставување и едноставно прашање. Преку прашања најлесно може да се создаде врска и истата да се продлабочи.
Покажете ентузијазам. “Мило ми е што конечно се сретнавме. Се радувам што се запознавме денеска” и слични фрази кои ќе покажат колку ви значи средбата, односно личноста со која треба да остварите комуникација.
Користете го нивното име што почесто. Обраќајте им се секогаш кога ќе ви се укаже шанса. Тоа ќе им покаже дека сте ги слушале кога ви се претставиле и дека сте заинтересирани за разговор.
Истражете ги нивните интереси. Прашајте ги дали имаат хоби, што е она што сакаат да го прават, нивната страст во животот и слично. Тоа може да го направите и преку опсервација, односно откако ќе забележите нешто интересно со/на нив, да поставите прашање. “Гледам освоени медали, спортувате нешто?”
Понудете ја вашата помош. Срамежливите луѓе нема да побараат помош од вас и тогаш кога ќе им затреба. Затоа олеснете им, дајте им до знаење дека сте на располагање во секое време.
Оставете разговорот да тече. Штом ќе дојдете до точка каде комуникацијата се одвива непречено, отстапете од планираното и одете онаму каде што разговорот ќе ве води. Никогаш не се знае што сè може да научите.