Како да избегнете лош крај на бизнис соработка

36

znak

Фото: Pixabay

Сите бизнис соработки еден ден ќе дојдат до крајот. Компаниите ги менуваат добавувачите, се отвораат нови бизниси или пак некои се затвораат, се менуваат производите, услугите стануваат се подостапни, луѓето ги менуваат улогите во бизнис секторот. Сите мора да се соочат со фактот дека во еден миг ќе добијат телефонски повик или имејл во кој ќе бидат известени дека изгубиле клиент и дека е крај на соработката. Што ќе се случи понатаму е тоа што ги диференцира големите бизнисмени од лошите претприемачи.

Најголемата заблуда кај претприемачите е што мислат дека кога ќе завршат една бизнис врска, немаат што да загубат. Почуваат да се однесуваат грубо, престануваат да одговараат на повиците на клиентот, стануваат некооперативни и генерално се однесуваат лошо. Тоа што не го согледуваат е дека сите се поврзани во бизнис секторот и дека зборовите кружат насекаде. На разните бизнис средби честа тема за дискусија на претприемачите се нивните искуства со добавувачите. Никој не сака да соработува со нов добавувач за кој што има гласини дека лошо се однесува при раскинување на соработката.

Еве седум начини како да бидете сигурни дека добро сте ја прекинале бизнис соработката:

1. Целете да ја завршите бизнис врската на истиот начин како што сте ја започнале – со апсолутна професионалност.

2. Никогаш немојте да жалите. Дајте поддршка и помогнете транзицијата да оди мазно, без проблеми.

3. Останете фер и одговорни во секој поглед.

4. Известете ги вработените и покажете им како да се справат со таквата ситуација на професионален начин.

5. Не дозволувајте крајот на соработката да биде изговор за лоша услуга. Бидете внимателни со клиентот исто како што сте се однесувале претходно.

6. Побарајте повратни информации од клиентот што можете да направите за да опстане бизнисот.

7. Пратете писмо со благодарност за досегашната соработка до директниот контакт и до извршниот директор на компанијата.

Останете професионални до самиот крај. Не ги горете мостовите што ве спојуваат, затоа што ако ги задржите позитивните односи, оставате отворена врата за клиентот да може да се врати.