Како да изберете добар ментор

87

mentor

Фото: Pixabay

Работењето со ментор ги зголемува вашите шанси за промоција и развој. Одбирањето на ментор е една од најважните одлуки во кариерата. Затоа, изборот на вистинскиот ментор бара време и проценка, а овие неколку фактори имајте ги на ум кога одлучувате дали ќе прифатите менторство од одредената личност, пишува Entrepreneur.

Утврдете што точно ви треба

Кои вештини е потребно да ги научите сега, а кои во иднина? Развојот на кариерата никогаш не е линеарен. Истиот ментор кој може да ви помогне денес, можеби ќе ги нема вештините да ви помогне во иднина. Затоа е потребно да ги анализирате актуелните потреби за развој, пред идните.

Проценете ги предностите и слабостите на менторот

Проценете дали стилот на работа на менторот одговара со вашиот. Проценете ги предностите и слабостите на потенцијалниот ментор. За почеток откријте дали ги поседува овие квалитети:
– Емпатија
– Искреност и практикува комуникациски вештини
-Отворен ум
-Доживотна посветеност кон учењето

Менторот треба да биде добар слушател

Менторот треба да ви помогне во надминување на предизвиците со кои ќе се соочите. Менторот кој само зборува и ги занемарува вашите идеи е лош избор. Добриот ментор знае кога треба да преземете акција и да ги научите најважните лекции дури и кога грешите.