Како да изберете соодветен coworking простор

59
hub1
ЦЕЕД Хаб Скопје

Coworking просторите стануваат сè попопуларни како алтернатива за работно место меѓу стартапи, фриленсери, претприемачи, здруженија на граѓани, деловни луѓе кои често патуваат, помали фирми или тимови. Пред да го изберете просторот, постојат неколку фактори кои треба да ги земете предвид при истражување и посетување на различни места низ градот.

Размислете за потребите на вашиот старт – ап

Направете сеопфатна листа на потребите и целите на вашиот старт – ап, што ќе ви користи при оценувањето на coworking просторот. Запрашајте се какви услови за работен простор се потребни за вашиот старт – ап. Една од поважните работи може да биде одржување на многу состаноци и тогаш ќе барате простор што нуди сала за состаноци. Како приоритет при одлучувањето за избор на coworking просторот се и брзината на интернетот, користење на принтер, достапност на просторот 24 часа на ден. Сепак, внимавајте да не ве збунат желбите и потребите при донесувањето на вашата одлука. Бесплатното кафе на работа е бенефит, но не и неопходност што треба да ја барате при изборот на просторот.

Размислете за сегашната старт – ап фаза

Одберете coworking простор што ќе се “грижи“ за вашата сегашна бизнис сцена, но исто така има потенцијал за дејствува како катализатор на вашиот бизнис. Следниот клучен момент за разгледување е во која фаза е вашиот старт – ап. Дали сте на почетокот? Дали сакате екстра простор и планирате да вработите други лица или имате мал тим? Ако веќе имате тим, изберете coworking простор што ќе ви овозможи лесно да комуницирате и соработувате на проекти.

slika
ЦЕЕД Хаб Скопје

Локација

Локацијата игра голема улога за развојот на вашиот бизнис. Coworking просторот треба да биде лесно достапен за секој член на вашиот тим. Не се фокусирајте само на внатрешниот простор. За време на посетата разгледајте го соседството. Дали е во близина на потенцијални партнери, ментори, дали има училишта и факултети за регрутирање на кадри?

Културата на компанијата, исто така, игра важна улога за избирање на локацијата. На пример, ако вашиот старт – ап е поврзан со здрав начин на живот, одберете простор каде во близина има фитнес центри.

Поглед кон идните потреби

Ако се “заклучите“ во простор што повеќе не одговара на вашите потреби, тоа може да биде фрустрирачко за целиот тим. Затоа, земете ги предвид и вашите идни потреби при оценувањето на потенцијалниот простор.