Како да изградите добар тим со малку средства

27

tim

Фото: Pixabay

Имате јасна визија и план како да изградите успешен бизнис, но работите со ограничени средства. Прашањето е како да изградите добар тим што ќе сака да соработува со вас и покрај недостигот на финансии.

Одговорот што го предлага Entrepreneur е во продолжение.

Вработете практиканти

Доколку имате да понудите добра работа и доволно време да бидете ментор, вработување на практиканти е одлична алтернатива. Има голем број на практиканти кои би се сложиле да работат без пари или за многу мала сума сè додека знаат дека искуството ќе им помогне за градење на кариера.

Размена на услуги

За време на нетворкинг настани побарајте некој со вештини што ви требаат и кој истовремено може да добие нешто од вас за возврат. Така, можете да склучите неформален или формален договор за размена на услуги наместо пари. Затоа бидете активни и посетувајте семинари, работилници и конференции. Постојат и веб страни каде што можете да разменувате услуги со луѓе од различни места во светот.

Работете со членови од фамилијата и блиски пријатели

Понекогаш кога немате избор, ќе треба да побарате помош од најблиските. Тие ќе најдат време и волја да ви помогнат бизнисот да тргне. Не е тајна дека некои од најуспешните бизниси денес започнале во кругот на семејството.

Инспирирајте ги луѓето за да ви се придружат

Ако немате доволно средства, тогаш треба да имате добра визија што ќе ги инспирира и мотивира луѓето да ве поддржат и да ви се придружат на претприемачкиот пат. Тоа всушност е целта на еден лидер – да има лојални следбеници. Недостатокот на ресурси не треба да биде причина за неуспех.