Како да изградите среќна работна средина

54

smajli

Фото: Pixabay

Градењето на среќна работна средина е од суштинско значење за раст и развој на компанијата и вработените. Среќната работна средина привлекува добри личности и ги мотивира да го дадат најдоброто од себе. Овие неколку совети ќе ви помогнат да создадете средина на задоволни вработени со голема посветеност и креативност.

Ангажирајте позитивни личности

Вработете позитивни личности кои ќе ви помогнат да изградите среќна работна средина. Нормално е да се фокусирате на претходното работно искуство и достигнувањата кои ги има кандидатот, но не заборавајте да го анализирате неговиот карактер.

Најдобриот кандидат на хартија може да биде “најлошата“ личност која ја имате во канцеларија. Анализирајте дали личноста размислува позитивно или негативно. Негативната личност може да ја “убие“ продуктивноста и мотивацијата на останатите вработени.

Флексибилно работно време

Со развојот на технологиите (секогаш поврзани) линијата меѓу професионалното и приватното исчезнува. Добро е да им понудите на работниците флексибилно работно време или работа од дома доколку работата го дозволува тоа. Тогаш работникот е посреќен и попродуктивен.

Дајте им на вработените шанса за напредок

Дајте им на најдобрите вработни шанса за напредување во кариерата. Вие живеете од компанијата, а неа може да ја водат само најдобрите и најспособните. Ако имате изградено добар систем на функционирање, не го контролирајте секој нивни чекор.

Поправете ги лошите процеси

Ако ги преокупирате вработените со непотребни состаноци, прекумерни електронски пораки, лоша комуникација, може само да им го отежнете извршувањето на работните задачи. Елиминирајте сè она што ги прави луѓето кои работат за вас да се чувствуваат како да си го трошат своето време.

Покажете дека се грижите за вработените

Истражувањата покажуваат дека конфликтите на работното место настануваат најчесто поради лоша комуникација. Затоа, поставете систем што ќе им овозможи на вработените слободно да комуницираат меѓусебно и со вас. Комуникацијата е само половина од битката. Ако вработените ги кажуваат своите проблеми јасно и гласно, вие мора да ги слушате и да преземете акција за нивно решавање. Откако ќе дознаете што го фрустрира вашиот тим, потрудете се да го решите проблемот.