Како да изградите здрава работна средина

203

Како би изгледало секој ден сите среќни и задоволни едвај да чекаат да пристигнат на работното место поради позитивната атмосфера којашто владее во работниот простор. Дали навистина постои работна атмосфера во која сите уживаат, а не само толерираат.

Продуктивни состаноци

Истражувањата покажуваат дека состаноците понекогаш може да бидат контрапродуктивни, но тоа е затоа што недостасуваат цели и јасна слика. Затоа, пред да започнете со состанокот утврдете ги тематските точки, придржувајте се до нив и бидете јасни. Ако вие не го водите состанокот побарајте таков план претходно од одговорниот што го свикува состанокот.

Распоредот е флексибилен

Работата секако нема да трпи ако некој задоцни или си замине порано од работа. Сосема е во ред да дозволите на “ранобудниците“ да доаѓаат во седум часот на работа, а на оние кои се попродуктивни кога ќе се “расонат“, да пристигнуваат околу девет часот.

Лидер што верува во своите вработени

Покрај задолжителните состаноци, вработените треба да го организираат своето време на работа како што им одговара. 91% од нив велат дека се мотивирани да се покажат во најдобро светло кога ја имаат поддршката од нивниот лидер, а дури 80% од вработените би работеле продолжено работно време доколку имаат претпоставен кој се грижи за нив. Способноста на лидерот да ги инспирира и мотивира вработените се заснова на доверба. Во тешките ситуации тие се потпираат на вас и очекуваат да го направите тоа што го кажувате. Усогласувањето на вашите зборови и акции е клучен столб за градење на доверба со вработените, а со тоа и создавање на успешна компанија. Ако вашите зборови и акции се спротивни, тогаш помала е веројатноста дека ќе имате посветен и ангажиран тим.

Прославите се императив

Покрај редовните прослави како што се новогодишните празници, родендени, тимот треба да се собере барем еднаш месечно по напорна работа. Кога последен пат се собравте со вашиот тим, а тоа да не биде празник?

Фото: Pexels