Фото: Pexels
Комфорната зона е непријател на успехот. Излегувањето од вашата комфорна зона е она што мора да го направите ако сакате да постигнете неверојатен успех, да ве направи уникатни и да се издвоите од останатите. Комфорната зона е само навика, а не некое волшебно и сигурно место.
На списокот желби кај луѓето се наоѓаат успехот, исполнетоста, среќата. Многу често за остварување на тие цели потребно е да излезете од добро познатата околина и секојдневната рутина. Тоа за многумина може да биде застрашувачко бидејќи подразбира правење на промени. За да остварите големи цели важно е прво да се победите себе си, а потоа сите препреки на патот. Со останувањето во зоната на комфор не можете да остварите ништо големо и важно.
Напуштањето на комфорната зона не значи дека треба да живеете живот без план и да се откажете од она што ви пружа задоволство. Напротив, станува збор за проширување на видиците кои може да ви донесат повеќе добри промени. Ослободете се од стегите на стравот и обидете се да ги прифатите предизвиците што се пред вас. Не треба да ги затворате очите пред добрите шанси бидејќи се неизвесни. Додека не се обидете не можете да знаете дали ви оди добро или не.
Овие неколку совети ќе ви помогнат да совладате една од најголемите бариери во вашиот живот.
Најдете ја зоната на храброст
Зоната на храброст се наоѓа вон зоната на удобност. Доколку не сте подготвени за голем чекор, направете прво мал. Зоната на храброста е непредвидлива, но содржи поголеми можности за личен и професионален развој. Кога излегувате од комфорната зона појдете храбро кон нешто што ви е важно и ќе ве мотивира.
Златна средина е просторот помеѓу зоната на стравот и комфорот. Најдете место што ќе ви овозможи да растете, а стравот да не ве парализира. Важно е да работите на своите мисли, трудејќи се да не размислувате за потенцијалните закани и лоши сценарија.
Дозволете си да бидете ранливи
Можете да бидете просечни целиот живот, а можете и да преземете ризици и да постигнете голем успех. Мора да знаете дека и неуспехот е дел од искуството што ќе ве насочи кон успехот и ќе ви покаже нови патишта, можности, опции…
Чекор по чекор
Излегувањето од зоната на комфорот не е мала работа што може да ја преземете одеднаш и затоа направете сегментација на оваа постапка. За полесно остварување на вашиот план правете мали чекори и секој нареден треба да е добро испланиран.