Како да ја надминете зависноста од шеќер

28

seker

Фото: Pixabay

Шеќерот е една од намирниците со празни калории и како таков може да создаде зависност, тврдат нутриционистите.

Наглите промени на нивото на шеќерот, кои се последица од постојано конзумирање на слатки, предизвикуваат проблеми со концентрацијата, замор и зголемен стрес. Шеќерот исто така го намалува нивото на смирувачките хормони и минералите во телото.

Тој не се наоѓа само во колачите, чоколадите и останатите слатки, туку и таму каде што воопшто не очекуваме, во таканаречените “здрави” намирници како што се овошен јогурт, разните мусли, сушеното овошје, овошните сокови…

Потребата за слатки е и навика. Тоа што го јадете, тоа телото го сака и ако се одвикнете од слаткиот вкус, тој повеќе нема да му биде потребен на организмот.

Потребни се осум недели без шеќер, за да се ослободите од биохемиската нерамнотежа. Според нутриционистите, наједноставен и најделотворен начин за ослободување од зависноста од шеќер е исхрана со риба, месо, јајца, зелен зеленчук, јаткасти плодови, путер, маслиново и кокосово масло и интегрален леб со семиња.

Откако ќе се ослободите од зависноста расположението се подобрува, исто така и сонот. Го намалувате ризикот за дијабет, остеопороза, габични инфекции, губите килограми, поотпорни сте на инфекции и имате повеќе енергија.

Многу луѓе се љубители на благи работи, но постои разлика од уживање во нив и зависност. Во првиот случај може да се оддолее на желбата за слатко, но во вториот личноста чувствува опсесивна потреба за благо, што се должи на нарушената хемија во мозокот.

Зависникот од шеќер нема да се задоволи само со еден ред чоколада, тој/таа ќе мора да ја изеде цела. Истото важи и за останатите слатки работи.