Како да ја подобрите креативноста на вашиот тим

25

kredi

Фото: Pixabay

Тешко е да се остане креативен во текот на целиот ден, покрај многуте работи што треба да ги извршите. Но, за да не заглавите, особено кога вашиот проект ќе почне да го чувствувате како маратон, пробајте преку овие начини да ја разгорите креативноста на вашиот тим, пишува Inc.

Потсетете го тимот на големата слика

Луѓето сакаат да знаат дека нивната работа е важна. Работата е значајна кога се поврзува со нешто поголемо од поединецот. Потсетете го вашиот тим за она што е важно и дека нивниот труд има удел во создавањето на големата слика.

Редефинирајте го проектот како мисија

Редефинирајте го вашиот проект како мисија за која вие и вашиот тим ќе чувствувате возбуда. Разговарајте за начините со кои може да се воспостави насока за сите да бидат фокусирани кон целната линија. Најдете начин да создадете усогласување со целите на вашата организација и поврзете ја целта со страста.

Посветете се на креативноста

Поставете јасни цели за вашиот тим, а потоа овозможете им на сите креативна слобода да истражуваат како ќе ги постигнат своите цели. Оставете им време за креативно размислување, обезбедете ги на вашиот тим потребните ресурси да ја завршат работата преку обезбедување на можност за постојано учење за подобрување на нивната креативност. Креативните истражувачи ги советуваат менаџерите да им помогнат на луѓето да постигнат напредок за важна работа секој ден. Најдете време да го прославите и признаете напредокот што вие и вашиот тим сте го постигнале секој ден.