Како да ја преживеете првата година во бизнисот

83

Во продолжение прочитајте кои се шесте клучни работи што треба да ги знаете за да ја преживеете првата година во бизнисот.

Креирајте добра репутација

Секоја пофалба е добредојдена. Ако вашите клиенти се задоволни од вас и вашиот производ, тогаш тие ќе ја завршат голем дел од работата. Добриот глас надалеку се шири.

Внимателно бирајте кого ќе вработите

Изберете ги оние работници кои навистина можат многу да придонесат за вашиот бизнис, имаат познавања од областа и искрено се интересираат за тоа што го работите. Не се задоволувајте со ништо помалку.

Бидете храбри

Немојте да мислите дека луѓето се недостапни. Напротив, сите деловни луѓе се вклучени во бизнис за да прават договори и зделки… Слободно контактирајте ги, ќе бидете изненадени што се може да се случи.

Добро размислете како ќе допрете до клиентите

Една до клучните работи во бизнисот е КАКО ќе се пренесе пораката до потрошувачите. Не секогаш ПР стратегијата е најдобриот начин за тоа. Успешно пренесената порака многу зависи од вашиот пазар, од содржината на пораката и секако, од вашиот буџет.

Започнете локално

На почетокот фокусирајте се на локалниот пазар и можностите што тој ги нуди. Откако ќе обезбедите добра подлога, почнете да делувате и на поширокиот пазар.

Сакајте го она што го нудите

Запознајте го добро вашиот производ, видете какви вредности тој може да донесе на пазарот. Ако имате добар производ, време и енергија истиот да го презентирате на четворица во еден ден, само следете ги нивните реакции и продолжете понатаму.

Фото: Pexels