Како да ја проширите мрежата на контакти, иако сте интроверт

254

Секој знае дека нетворкингот е многу важен и дека градењето мрежа на контакти е една од најважните вештини за претприемачите, без оглед на тоа за каква индустрија станува збор.

Ја знаете изреката “Ако сакате да уловите риба, одете таму каде што се рибарите”? Затоа, ако сакате да се поврзете со успешни личности, тогаш одете таму каде што се тие. Во овој контекст, една од најдобрите навики што може да ја развиете за нетворкинг е присуство на бизнис средби во вашата област, бидете заинтересирани за присутните луѓе. Бизнис средбите и настаните се непроценливи за вашиот личен раст и успех во бизнисот.

Поврзувањето со нови луѓе може да биде посебен предизвик за оние кои се по природа интровертни. Сепак, постојат начини со кои тие стравови може да се надминат и остварат најдобри резултати.

Подгответе се за средба

Пред самиот настан проверете го распоредот и кој сè доаѓа и дознајте за што ќе се зборува на тој настан. Бидејќи за интровертните личности комуникацијата со нови луѓе може да биде стресна, потребно е да подготвите однапред прашања за да ја избегнете нервозата.

Како да се однесувате

Прифатете едноставен пристап, претставете се и насмејте се. Разговорот се одвива во две насоки, па не мора да управувате со целокупната комуникација. Бидете свесни за говорот на своето тело и вежбајте отворен и позитивен став. Не ги држете рацете прекрстени, бидејќи тоа е одраз на одбранбен став, покажува резервираност и одбивање. Интровертните личности се добри слушатели бидејќи најчесто оставаат другите за зборуваат. Искористете ја оваа предност и активно слушајте за подоцна да можете полесно да се поврзете.

Што по настанот?

Социјалните мрежи овозможуваат брзо и едноставно поврзување, па искористете го дружењето со нови луѓе за да размените контакти на LinkedIn, Facebook, Twitter. По завршувањето на настанот на новите познаници испратете мејл на благодарност и нагласете го своето задоволство за запознавањето. Ако не добиете одговор, не го сфаќајте тоа лично бидејќи секој нов контакт може да доведе до отворање на некои други врати.

Полека и сигурно до успехот

Почнете од мали групи и барајте настани кои се одржуваат редовно за да склопите одредени познанства. Поставете си самите себе си реални барања и не очекувајте премногу. Некогаш не е можно да се оствари голем број на квалитетни познанства, па прифатете дека и еден разговор може да значи голем успех.

Фото: Pexels