Како да ја зголемите онлајн видливоста на вашиот бизнис

26

digital

Фото: Pixabay

Денес повеќе од било кога е важно да бидете видени и чуени онлајн. Токму затоа треба да му обезбедите добро место на вашиот бизнис, односно да ги искористите сите можни средства за да ја зголемите вашата видливост.

Еве неколку совети:

Ажурирана веб страна

Не се доволни само клучни зборови за да бидете видливи на Интернет. Програмите за пребарување или Search engines, сè повеќе ги детектираат оние веб страни коишто постојано ги ажурираат своите содржини и нудат нови информации. Ако вашата веб страна е статична нејзината видливост значително ќе опадне.

Содржина со вредност

Ако вашата содржина нема никаква вредност за клиентите тогаш нема да добиете ништо за возврат. Затоа сè што постирате онлајн треба или на одреден начин да помогне или да предизвика одредени емоции кај читачот (да е смешно, убаво, тажно…) или пак поврзано со актуелните случувања. И што е најважно содржината секогаш треба да биде поврзана со вашата бизнис порака, мисија.

Мобилна верзија

Вашата веб страна мора да биде оптимизирана и за мобилните уреди. Сè повеќе луѓето ги користат нивните телефони и таблети како примарни алатки. Ако некој не може да го прочита вашиот веб сајт од причини што буквите се премногу мали, ќе ја побараат вашата конкуренција. Не дозволувајте тоа да ви се случи и вам.

Ослободете се од неважното

Во обидот да ве има на секој социјален медиум веројатно сте креирале веб страни на секоја социјална платформа. Сепак, време е да ги избришете оние што не се користат. Празни или застарени страници на социјалните мрежи изгледаат лошо и за клиентите и за онлајн пребарувачите. Ако сте адвокатска фирма не мора да имате Instagram профил, исто како што на продавница за сапуни не ѝ треба Linkedin.

Споен брендинг

Дали ако некој ја погледне вашата страна на Facebook, бизнис картичката и продажното место ќе знае дека сето тоа припаѓа на еден бизнис? Ако одговорот е негативен време е вашиот онлајн бренд и оној во живо изгледаат исто. Сигурно сакате некој да го препознае вашиот веб сајт откако ќе влезе во вашата продавница/канцеларија и обратно. Колку повеќе пати некој го види вашиот бренд толку побрзо ќе биде запознаен со истиот и ќе посака да стане ваш клиент.

Билтен

Земете ги мејл адресите на вашите клиенти, побарајте дозвола да ги контактирате и редовно испраќајте им билтен (newsletter). Има многу достапни онлајн системи за креирање на овој вид на порака.