Како да ја зголемите продажбата

53

shoping-pixabay

Фото: Pixabay

Ако клиентот, без разлика кој е по ред, го третирате како да е прв, нема потреба да се грижите за продажбата.

Додека вие и вашите вработени успевате да го задржите тој елан и ентузијазам во пристапот за секој клиент, продажбата сигурно ќе биде во пораст, велат експертите.

Страв од загуба

Секако не е возможно да бидете на она ниво кое се очекува од вас, но доколку тие моменти на слабост ги сведете на минимум, со гордост ќе можете да кажете дека во вашето работење секој клиент е прв.

Ако постојано се прашувате како да ги подобрите вашите продажни вештини најдобро е редовно да се анализирате себе или најдобрите вработени и да ги бележите реакциите на купувачите. Не плашете се да погледнете како тоа го прави конкуренцијата и бидете инвентивни.

За да ја зголемите продажбата треба да користите три продажни техники во директен разговор со клиентите.

Најпрво пробајте да дознаете кои се мотивите за купувањето. Притоа е важно да запомните дека постојат две главни причини за купување. Едната е шанса да се избегне загуба, а другата е можност да се дојде до добивка. Имајте во предвид дека стравот од загуба е многу посилен.

Експертите советуваат да се избегнуваат класичните прашања како “Дали / Што ви треба …”, кои може само да доведат до негативен одговор. Наместо тоа, пријдете со конкретна добра понуда која ќе ја дадете по мало анализирање на купувачот.

Понуда плус

Друга техника со која можете да ја поттикнете продажбата е онаа кога заедно со основниот производ или услуга ќе понудите нешто дополнително со одредена погодност.

Доколку на клиентот му понудите нешто плус, голема е веројатноста дека ќе се одлучи да ја искористи приликата. Затоа, направете систем на цени во кој секој дополнителен производ доаѓа со одредена поволност, од типот еден плус еден.

Заедно со дополнителната понуда наведете ги искуствата на други клиенти кои се одлучиле за истата услуга, а во презентацијата внесете бројки, односно бројот на продадени производи/услуги.

Луѓето многу често донесуваат важни одлуки врз основа на искуството од мнозинството.

Помогнете им

Клучен дел за зголемување на продажбата е разговорот со купувачот. Треба постепено да ја придобиете нивната доверба и внимание и да им покажете дека ги разбирате нивните потреби. Секој момент од интеракцијата треба јасно да се дефинира како понуда на конкретна помош, а не како обид за продажба.