Како да ја зголемите самодовербата кај вашите деца

83

bebe

Фото: Pixabay

Карл Пикхард, психолог и автор на 15 книги за родителство, вели дека дете на кое му недостасува самодоверба, ќе одбива да пробува нови работи во животот од страв дека нема да успее или дека ќе ги разочара другите.

Според него, родителот уште од најрана возраст треба да применува одредени тактики преку кои ќе влее доволно самодоверба во своето дете.

Еве неколку од нив:

Ценете го нивниот обид без разлика дали губат или победуваат

Многу е важно да видат дека го цените тоа што го прават и дека не сте разочарани ако не успеваат во подвигот или губат во играта.

Охрабрувајте ги да вежбаат

Без разлика за што станува збор, спортска активност или нешто друго, треба да ги охрабрувате да бидат истрајни и постојано да вежбаат.

Оставете ги сами да изнаоѓаат решенија

Немојте веднаш да ја преземате работата во свои раце, оставете малку да се потрудат сами.

Дозволете им да се однесуваат според возраста

Не им забранувајте да бидат малку немирни и да истражуваат на свој начин.

Охрабрете ја љубопитноста

Не ги спречувајте во обидот да откријат нешто, да дојдат до одговори, тоа е нормален процес во растењето.

Никогаш не ги критикувајте

Во ред е да им давате сугестии и конструктивен фидбек, но не ги омаловажувајте кога се обидуваат да постигнат нешто, а не успеваат.

Покажувајте им нови работи, нови искуства

Постојано учете ги нешто ново, тоа ќе им покаже дека без разлика колку некои работи изгледаат страшни и тешки, можат да се совладаат.

Не им (по)кажувајте кога сте загрижени

Ако детето ве гледа дека сте загрижени за него/неа, тоа ќе поткопа сомнеж во него дека не е способно за одредената работа.

Извор: Business Insider