Како да кажете “не“ на работа

32

ne

Фото: Pixabay

Без разлика дали се обидувате да го импресионирате вашиот шеф или се плашите дека некого ќе разочарате, велењето “не“ на работа може да биде тешко. Честопати, луѓето се прегоруваат од работа прифаќајќи повеќе обврски од оние што може да ги завршат. Ако се оптоварите со работни задачи тоа може да го намали квалитетот на работата, а исто така може да ги пропуштите и роковите. Понекогаш треба да одбиете од самиот почеток. Постојат четири типови на луѓе на кои треба да им кажете “не“ и дипломатски начини како да го сторите тоа, пишува Muse.

На шефот

Ако вашиот шеф побара да преземете дополнителна работа, а вие не можете да прифатите, не употребувајте го зборот “не“. Наместо тоа, може да му се заблагодарите на шефот што помислил на вас, но посочете му дека планирате да работите на друга тековна работа.

На колегата

Доколку колега побара ваша помош за некој проект, не користете лажни оправдувања. Обидете се да ја изнесете вистинската причина зошто не можете да соработувате и да му помогнете.

На вработените

Шефот сака кога неговите вработени се полни со идеи, но може да се случи веќе да имате зацртано јасен план за извршување на некоја работа. Секако, вие не треба да им кажете дека на ваш начин ќе ја завршите работата, туку заблагодарете им за нивното учество. Така ќе оставите порака дека го цените и нивниот труд.

На клиентот

Велењето “не“ на клиент може да биде многу незгодно. Првата работа што треба да ја направите е да го оставите клиентот да ги каже своите забелешки. Ислушајте ги внимателно неговите клучни проблеми. Потоа, одговорете му со вашиот план, нагласувајќи дека се однесува на истите прашања, секако решавајќи го на ваш начин (дискретно исклучувајќи го неговиот план).